Експлодираше писмо-бомба во седиштето на Лидл во Германија, три лица се повредени

Фото: Илустрација/EPA

Полицијата во Хајлброн во југозападна Германија денеска ја огради административната зграда на „Лидл” и префрли тројца вработени на лекување во болница, откако експлодираше писмо-бомба.

Писмото-бомбата експлодира во седиштето на Лидл, повредувајќи тројца вработени, објави „Дејли Стар”.

Повредените се пренесени во болници, а 100 вработени се евакуирани од зградата.

Како што објави локалниот портал Стим.де, службите за итни случаи реагирале веднаш, вклучително и со хеликоптер.

Полицијата не коментираше дали инцидентот е поврзан со експлозијата што се случи вчера, во одделот за примање стока од производувачот на пијалоци во Епелхајм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот