Илустративна фотографија / Фото: Profimedia

Експеримент на иднината: Кинески хирурзи првпат успешно трансплантираа свинско белодробно крило кај човек

Кинески хирурзи за првпат извршија трансплантација на свинско белодробно крило кај човек, покажувајќи дека генетски модифицираните органи од животни можат привремено да функционираат во човечко тело.

Операцијата била изведена во Првата придружна болница при Медицинскиот универзитет во Гуангџоу, врз 39-годишен пациент кој бил прогласен за мозочно мртов, пренесува списанието „Саенс“.

Белодробното крило функционирало девет дена, испорачувајќи кислород и отстранувајќи јаглерод диоксид, пред да биде извадено за понатамошна анализа.

Органот бил генетски изменет за да се намали ризикот од т.н. хиперакутно одбивање – имунолошка реакција која често ги уништува органите при трансплантации меѓу различни видови.

Иако подоцна белите дробови биле зафатени од имун напад и отечени, научниците нагласуваат дека овој чекор има огромен потенцијал за иднината на медицината.

Кина последниве години интензивно работи на развој на генетски модифицирани свински органи. Претходни експерименти со бубрези покажале дека овие органи можат да преживеат во човечко тело и по неколку месеци.

Свињите користени за експериментите биле специјално модифицирани за да се избегне одбивање и несакани реакции.

Стручњаците додаваат дека трансплантацијата на бели дробови е особено предизвикувачка поради сложената анатомија и големиот број имуни клетки во органот, па дури и ваквиот привремен успех се смета за голем чекор напред во областа на ксенотрансплантацијата.

Главната цел на овие истражувања е во иднина да се намали времето на чекање за трансплантација кај пациенти на кои им се неопходни органи како бели дробови, бубрези, срце, црн дроб или панкреас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот