Екс светската шампионка во карате Снежана Пантиќ ја загуби битката со ракот

Снежана Пантиќ ја загуби најважната битка/ фото: Инстаграм

Поранешната најмлада светска шампионка во карате, Снежана Пантиќ почина на 43-годишна возраст. Таа денеска ја загуби шестгодишната борба со ракот на дојката.

Нејзините колеги ја опишуваат како бескомпромисна личност која до последен момент се бореше за својот живот. И покрај сите успеси на спортски план, таа во себе носеше голема болка, уште додека беше активна каратистка, нејзиниот татко почина од рак и во едно инервју изјави дека највеќе на светот се плаши токму од болест.

– Не е срамота да се биде болен, но е срамота ништо да не се прави тоа да се спречи. Често слушам дека луѓето одбиваат да одат на редовни котроли бидејќи не сакаат да дознаат за некоја скриена болест. Тоа за мене е страшно и не можам да го разберам таквото однесување – зборуваше своевремено Снежана Пантиќ.

Снежана Пантиќ во 2022 година стана светска шампионка во апсолутна конкуренција на СП во Мадрид и тоа на 24-годишна возраст.
Во 2006 година стана е европска шампионка, а во кариерата освои преку 30 титули и преку 100 медали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот