Екс играч на Вардар пред трансфер во Италија!

фото:фејсбук

Станува збор за Христијан Денковски кој се очекува да ја продолжи кариерата во Италија, поточно во третолигашот Про Патри.

Овој клуб се очекува да го напуштат двајца играчи (Аквиланти и Гуибре), а според „Кориере ди Рети“, Денковски треба да биде новото засилување.

Своевремено беше дел од македонските репрезентации до 17, 19 и 21 година.

На клупски план годинава ги бранеше боите на Беласица, а претходно играше уште за Работнички, Триглав Крањ, Гронинген, Вардар, Пелистер, Македонија ЃП, Азуага, Фериоленсе и Гокулам Керала.

Про Патри сезонава игра во италијанската Серија „Ц“ (Дивизија А) каде што после 16. кола е на 13. место со 20 бодови од 20 екипи во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот