ЕК сака да ја засили контролата на надворешните граници

Европска комисија/ Фото: Слободен печат/Архива

Европската комисија сака земјите-членки да ја засилат контролата на надворешните граници и да ја интензивираат полициската соработка со цел подобро да се заштити Европска Унија од екстремистички напади.

ЕК денеска ја презентираше својата Агенда за борба против тероризмот, во која се наведува дека пресудно за безбедноста на европските граѓани е ефикасното откривање на осомничените на границите на ЕУ.

Во ЕУ во 2019 година извршени се седум џихадистички терористички напади, а осуетени се двојно повеќе напади.

– Земјите-членки треба итно да ја завршат модернизацијата за управување со надворешните граници во рамките на договорената патна карта, со амбиција да развиваат најмодерен систем на управување со границите во светот, истакна ЕК.

Според прописите на Шенгенскиот информативен систем, што се применуваат од пред две години, од националните власти се бара да креираат предупредување за терористичките престапи, а земјите-членки мора да ги поделат информациите со Европол.

ЕК исто така планира да соработува со земјите-членки на подобрување на пристапот до дигиталните докази и шифрирани информации што ги користат криминалците.

Според проценките на ЕК околу 5.000 жители на ЕУ отпатувале во Сирија и во Ирак и им се придружиле на џихадистите. Околу 1.500 се уште се таму и би можеле да се вратат и да „нападнат” европски цели. Поради тоа ЕК апелира земјите-членки на ЕУ да обезбедат интероперабилност на своите информатички системи, размена на разузнавачките податоци за странските борци и да извршат ефикасни, системски проверки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот