Фото „Слободен печат“ Методи Здравев

ЕХФ: Натпреварот Алкалоид – АЕК е откажан поради безбедносни причини

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ не се одигра реваншот од финалето помеѓу ракометарите на Алкалоид и АЕК во Европскиот куп на ЕХФ.

Фото Слободен печат Методи Здравев
Фото Слободен печат Методи Здравев

Играчите на тренерот Кирил Лазаров после првите 60 минути во Атина стекнаа убава предност од 29:25.

Фото Слободен печат Методи Здравев
Фото Слободен печат Методи Здравев

И таквиот резултат беше стимул за сите спортски и ракометни фанови да ја наполнат најголемата спортска сала во Скопје.

Тоа и се случи, 6000 навивачи грмеа, со реквизити, знамиња, навивачки песни како поддршка за РК Алкалоид да стигне до историски трофеј.

Фото Слободен печат Методи Здравев
Фото Слободен печат Методи Здравев

И непосредно пред мечот се случи скандал, спикерот почна да ги кажува имињата на играчите на двата тима, излегоа на теренот ракометарите на Алкалоид, но не и оние на АЕК.

Играчите на АЕК на самиот агол од салата, а после некое извесно време, спикерот најпрвин кажа дека мечот ќе доцни, а причината беше дека тимот на АЕК нема да излезе на теренот додека не се појават нивните навивачи на трибините.

Фото Слободен печат Методи Здравев
Фото Слободен печат Методи Здравев

Нешто подоцна, после половина час спикерот ги извести сите дека нема да се одигра вечерва дуелот поради несогласувања на релација ракометари на АЕК и нивните навивачи.

Негодувања, свирежи, разочарани лица на трибините, но и на теренот поради ваквиот епилог. Играчите на Алкалоид ја добија поддршката, со овации од нивните фанови скандирајќи: „Шампиони, шампиони“.

Фото Слободен печат Методи Здравев
Фото Слободен печат Методи Здравев

Подоцна, се огласи и Европската ракометна федерација (ЕХФ) која потврди дека возвраниот дуел е откажан поради безбедносни причини. Дополнителни информации за тоа што понатаму околу двомечот на ова финале јавноста ќе биде навремено информирана.

Фото „Слободен печат“/Методи Здравев
Фото „Слободен печат“/Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот