ЕХФ: Македонија трета европска ракометна сила (ФОТО)

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

ЕХФ го објави ранкингот во кој нашата земја бележи нов голем напредок, пред држави како Унгарија, Шпанија, Данска, Хрватска…

Покрај имињата на куповите ќе се направи обид да се влијае позитивно за да се подигне нивото на квалитетот во истите на повисоко ниво.

Македонскиот ракомет има сигурно место во новата Лига на шампионите и три места во Европската ракометна лига што е големо признание за нашиот клупски машки ракомет.

Принтскрин/eurohandball.com

Одличните резултати во последните три години на Вардар, донесоа бенефит двете титули на „црвено-црните“ во ЛШ и уште едно учество на Фајнал фор турнирот во Келн.

Па така, Македонија е само една од трите земји кои имаат над 100 бодови на листа за европски купови за следната сезона. Подоброрангирани од нас се само Франција и Германија.

Ова значи дека нашата земја воедно го има најдобриот рејтинг на клупски план, Вардар уште долго ќе игра во елитната ЛШ како што е сега конципирана со години во иднина. И во женска конкуренција во сезоната 2020/2021 ќе имаме сигурен учесник во ЛШ, но прашањето е дали воопшто ќе се регистрира клуб гледано од аспект на квалитетот, после завршувањето на „проектот“ ЖРК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот