Фото: Marjan Apostolovic / Alamy / Alamy / Profimedia

Едноставен домашен трик кој веднаш го решава проблемот со изгореници и црвенило после сончање

Ако после долгиот ден на сонце, се вратите дома со благи изгореници и воспалена кожа, постојат голем број природни рецепти кои ќе донесат барем привремено олеснување.

Во случај на изгореници од сонце луѓето најчесто посегнуваат по јогурт или кисело млеко, но уште еден лек од природата има благотворно дејство кога станува збор за оваа состојба, иако е запоставен. Имено, воспалената и зацрвенета кожа најдобро ќе ја смири моќната алое вера, која ја лади, хидрира и лечи кожата.

Години наназад постоеше популарен трик кој советува пред да нанесете алое вера на себе, претворете го во мраз – ова има дополнителен ефект.

Се што ви треба за коцки мраз од алое вера се силиконски калапи за мраз и гел од алое вера. Гелот исцедете го во коцките, па ставете го во замрзнувач. По неколку часа тие се подготвени за употреба.

Најдобро е тоа да го направите однапред во летната сезона – за да имате прва помош во ситуација кога вие или некој од вашето семејство се изгорете додека се сончате.

Сепак, внимание! Алое верата не помага при поголеми изгореници, а секако – не заборавајте на кремот со заштитен фактор, нема подобар лек од превенција!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот