Еден од најбогатите Австралијци смета дека треба да се зголеми невработеноста за да се поправи односот на работниците

Фото Јутуб

Еден од најбогатите луѓе во Австралија се извинил откако рече дека невработеноста треба да се зголеми за да ги потсети арогантните работници на нивното место.

„Треба да видиме болка во економијата“, вели Тим Гарнер.

Но, Гарнер подоцна рече дека „длабоко“ жали за коментарите, кои предизвикаа глобална реакција. Тој претходно беше на насловните страници со тоа што сугерираше дека младите не можат да си дозволат домови затоа што „трошат премногу на тостови од авокада“.

Видеото од неговите коментари станаа вирални, привлекувајќи преку 23 милиони прегледи и силни критики на интернетот.

Говорејќи на еден самит, 41-годишникот рече дека пандемијата ги променила ставовите на вработените и работната етика на полошо – издвојувајќи ги градежниците како пример.

Сопственикот на теретана, кој станал магнат за недвижнини, тврди дека промената ја погодува продуктивноста во секторот, што – во комбинација со построгите регулативи – го поттикнува недостигот на станови во Австралија.

Тој предложи сегашната стапка на невработеност во земјата од 3,7 отсто да се зголеми за 40-50 отсто за да се намали „ароганцијата на пазарот на вработување“. Со тоа повеќе од 200.000 луѓе ќе останат без работа.

„Има систематска промена каде што вработените чувствуваат дека работодавачот е многу среќен што ги има“, рече Гарнер. „Треба да ги потсетиме луѓето дека работат за работодавецот, а не обратно“.

Но подоцна, Гарнер во објава на ЛинкедИн рече дека „направил неколку забелешки за невработеноста и продуктивноста во Австралија за кои длабоко жали и не бил во право“.

Тој рече дека има „важни разговори што треба да се водат во ова опкружување на висока инфлација, ценовни притисоци врз становите и изнајмувањата поради недостаток на понуда и други проблеми со трошоците за живот“.

Според него, неговите коментари се „длабоко нечувствителни“ за вработените, трговците и семејствата „ширум Австралија“ кои се погодени од притисокот на трошоците за живот и губењето на работните места.

Гарнер оцени дека губењето на работата „има длабоко влијание“ врз работниците „и искрено жалам што моите зборови не изразија емпатија за оние во таа ситуација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот