Ѕид падна на „Дижонска“ и оштети автомобили

Урнат ѕид оштети автомобили во скопски Чаир / фото: Порталб

Два автомобила биле оштетени вчеравечер во скопската населба Чаир, кога врз нив паднал ѕид покрај којшто биле паркирани, соопшти полицијата.

„На 11.10.2021 во 21,15 часот Б.И.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,00 часот на ул.”Дижонска” оштетено било неговото патничко моторно возило “фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “форд” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А.(46) од Скопје. Возилата биле паркирани на улицата веднаш до ѕидот на соседот Н.И.(54), а во еден момент од непознати причини ѕидот паднал врз возилата и ги оштетил“, велат од МВР.

Полицајци од СВР Скопје излегле на местото на настанот, се додава во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот