Британскиот премиер Борис Џонсон на обраќањето на Генералното собрание на ОН/ Фото EPA-EFE/EDUARDO MUNOZ / POOL

Џонсон: Лесно е да се биде зелен, треба заедно да ја спасиме планетата

За време на своето обраќање пред Обединетите нации, британскиот премиер Борис Џонсон ги повика светските лидери да ја искористат својата моќ и да се справат со климатските промени и нагласи дека е време човештвото да покаже зрелост и одговорност во ова прашање.

Пред важната климатска конференција во Глазгов, која започнува на 31-ви октомври, Џонсон пред Генералното собрание на ОН рече дека светските лидери имаат огромна моќ за да ги променат работите на подобро и да ја спасат планетата од катастрофалните последици од климатските промени, пренесува Гардијан.

Конференцијата на ОН КоП26 има за цел да поттикне многу поамбициозни глобални акции за спас од климатските промени и да обезбеди пари за нивна имплементација, во време кога научниците предупредуваат дека глобалното затоплување е многу близу до излегување од контрола.

„Мораме да покажеме дека сме способни да учиме и созреваме и конечно да преземеме одговорност за уништувањето што го нанесуваме, не само на нашата планета, туку и на самите себе. Време е човештвото да созрее“, рече Џонсон.

Тој го заврши своето обраќање со шега и рече дека популарната жаба Кермит, лик од ТВ -шоуто „Мапет шоу“, згрешил кога пеел „Не е лесно да се биде зелен“.

„Жабата Кермит греши. Лесно е да се биде зелен “. заклучи британскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот