
Џим Кери се врати од пензија: „Ми требаат пари“
Џим Кери призна дека се вратил од пензија бидејки му требаат пари. 62-годишниот актер, ќе глуми и во новиот филм „Соник супер Еж“ 3.
Препорачано
Поминаа две години откако глумеше во „Соник супер Еж“ 2 и за тоа време се шегуваше дека ги потрошил сите пари.
„Се вратив во овој универзум затоа што, пред сè, играм генијалец, што е малку истегнување“, изјавил актерот па додал:
„И, знаете, едноставно … Купив многу работи и ми требаат пари, искрено“, додаде тој.
Ѕвездата на филмот „Маска“ во претстојниот филм го глуми негативецот д-р Роботник. Истата улога ја играше и во првите два филма од франшизата.
Пред две години раскажа како полека се оддалечувал од актерството.
„Јас сум прилично сериозен. Се чувствувам како – и ова е нешто што можеби никогаш нема да го слушнете славната личност да каже, но доста ми е. Направив доволно. Јас сум исполнет.“
Актерот станал се по поселективен за филмовите во кои глуми, откривајќи во 2022 година дека ќе му треба многу време за да се врати пред камерите.
„Во зависност од тоа дали ангелите ќе донесат некакво сценарио што е, знаете, напишано со златно мастило што ми кажува дека ќе биде многу важно за луѓето да го видат, јас би можел да продолжам по патеката, но правам пауза“. рече тој, додавајќи:
„Навистина го сакам мојот тивок живот и навистина сакам да ставам боја на платното и навистина го сакам мојот духовен живот“.
Ѕвездата на „Ајс Вентура“ беше првиот актер на кој му беа платени 20 милиони долари за филм, кога глумеше во „Момчето од кабловската телевизија“ во 1996 година. Тој наводно заработил над 180 милиони долари во текот на неговата кариера.