Џепчија фатен на дело на „Рекорд“, сакал да украде телефон од чанта

Градски ЈСП автобус на рекорд / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

52-годишен скопски џепчија е уапсен на автобуска постојка во центарот на Скопје, каде користејќи ја гужвата, се обидел да извлече и да украде мобилен телефон од чанта на патник, соопшти МВР.

„На 12.04.2023 околу 15.00 часот на автобуска постојка на ул.„Димитрија Чуповски”, полициски службеници од одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар Бит Пазар го лишиле од слобода К.С.(52) од Скопје. Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од чанта на С.К.(68) од Зелениково, скопско, одзел мобилен телефон“, велат од полицијата.

Крадецот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот