Џеки Стјуарт: Хамилтон нема ни „глад“ ни автомобил за победи

EPA-EFE/STR

Легендарниот возач смета дека Луис Хамилтон нема да освои уште една титула затоа што ја нема истата „глад“ за победи како порано, а и автомобилот не му е конкурентен. Дури и со новиот автомобил идната сезона, Луис нема да „испорача“ вели легендата

Легендарниот Џеки Стјуарт (84), трикратен светски првак, верува дека Луис Хамилтон има сериозни проблеми во Формула 1, бидејќи повеќе не вози конкурентен автомобил како што е навикнат.

Тоа, но и успехот што го имаше во минатото, го наведува Стјуарт да помисли дека возачот на Мерцедес ја нема истата „глад“ за победи што ја имаше.

Стјуарт смета дека проблемот со кој се соочува Луис по неговата долгогодишна доминација е тоа што со оглед на тоа што Мерцедес беше толку далеку пред сите други, тој честопати мораше да се бори само со тимскиот колега за да ја освои титулата.

Сега поради недостатокот на конкурентност што Мерцедес во моментов ја покажува, тој верува дека Хамилтон нема да ја има истата „глад“ за победи како порано.

– Пред сè, Луис е еден од најдобрите што некогаш возел во Формула 1, но изминатата деценија тој возеше за Мерцедес, тим кој практично беше надвор од конкуренција. Луис имаше само еден вистински конкурент во тоа време, неговиот тимски колега. Освен во 2016 година, од дуелот секогаш излегуваше како победник. И потоа загуби од Нико Розберг. Со почит, тој е добар возач, но не и најталентираниот во светот. Но, Розберг беше гладен, имаше апсолутна волја да стане светски шампион. Луис веќе ја нема таа глад. Затоа, а и затоа што автомобилот повеќе не му е толку силен, тој има сериозни проблеми – вели Стјуарт.

EPA-EFE/Zoltan Balogh

Хамилтон јасно стави до знаење дека се надева оти идната година со новиот автомобил што Мерцедес сега го разива, ќе стане пак првак.

Но, со оглед на тоа што тој не е во позиција да победи на трка од крајот на 2021 година, Стјуарт верува дека Луис нема да испорача идната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот