Џафери го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици

Та
Талат Џафери/ Фото: МИА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери лично и од име на пратениците на припадниците на православната вероисповед, им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици и им посака празникот да го дочекаат и поминат во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина.

– Ова се времиња на предизвици од најразлична природа, економска, здравствена, политичка. Како луѓе, како граѓани, како активни чинители во општеството, сите ние имаме одговорност да го дадеме најдоброто од себе, да го вложиме максимумот денес, затоа што тоа ќе биде од значајна полза утре, и за нас, меѓутоа најважно од сè, за нашите млади кои се иднината на земјата и идните граѓани на светот. Да веруваме и да се надеваме дека секоја препрека, секоја тешкотија, ќе ја надминеме брзо и со леснотија, исто како што тече и водата која е симбол на овој празник. Нека чистите намери, солидарноста, човечноста, взаемната почит и разбирањето бидат темелот врз кој ќе градиме еднакво, правично, напредно и пред сè, хумано општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок на земјата, стои во честитката од Џафери по повод празникот Водици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот