Џафери е главниот блокатор во Собранието, вели Снопче од АА

Халил Снопче

Халил Снопче од Алијанса за Албанците во емисијата „24 отворено“ вечерва рече дека како опозициска партија, дејствуваат да дојдат на власт.

– Се поставува важно прашање, кој е вистинскиот блокатор на Собранието, на работите кои се поврзани со правата и слободите на граѓаните. Тие права се гарантирани со уставото и во било која држаа, тие се неприкосновени. Зошто Џафери, за кој сметам дека е вистинскиот блокатор на работата на Парламентот, не дозволува расправа во Собранието за точки и за претставки на граѓаните кои сметаат дека нивните права се загрозени и кои се дискриминирани од институциите на системот, рече Снопче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот