Две жени пренесени на Токсикологија, откако вдишале чад од зграда во близина на Универзална

Две лица се повредени откако денеска избувна пожар во Универзалната сала во Скопје, која се реконструира. Во пожарот, кој сега е локализиран, изгоре новата купола на салата, која беше поставена пред само десетина дена. Две жени се однесени со Брза помош на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад, објави Сакам да кажам. Тие не настрадале во салата, туку се жителки на соседната зграда, на која што пукнале прозорци, по што внатре влегол чад.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот