Две тинејџерки повредени во сообраќајка во Радовиш

Полиција / Фото: МИА

На 03.09.2021 во 21:00 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од бул.“Александар Македонски“ со ул.“Плачковица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “пежо 107“ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.П.(19) од Радовиш и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Радовиш.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “пежо 107“ М.К.(19) од Радовиш, а со телесни повреди се здобила С.П. констатирани во ЈЗО Радовиш.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот