Две лица се борат за живот, 14 повредени при пад на дрво во забавен парк во Шпанија

Фото: Принтскрин/Јутуб

Две лица се борат за живот а 14 се повредени при пад на дрво во забавниот парк ПортАвентура Ворлд.

Несреќата се случила во приморската општина Вила-сека. Од 14 повредени, пет се хоспитализирани, од кои двајца се во критична состојба, соопшти каталонската служба за итни случаи во објавата на X. „Налетот на силен ветер“ предизвика пад на дрво во близина на возот на смртта, а неколку гранки ги фатија луѓето на атракцијата, објаснуваат од паркот.

Портпаролот на каталонската полиција за агенцијата Франс прес изјави дека делови од дрвото паднале на еден од вагоните „Томахавк“, кој на веб-страницата на паркот е претставен како атракција за деца. Регионалната полиција отвори истрага за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот