Двајца пешаци повредени во сообраќајки во Скопје

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Синоќа околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на надвозникот кој води кон Раштански пат – Скопје од автопатот, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(31) од Скопје, удрило во пешакот И.З.(59) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Претходно околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(62) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(67) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местата извршиле екипи од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот