Двајца одат во притвор за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ во Белград

Фото: Новости.рс

По извршеното сослушување, суд во Белград денеска одреди 30-дневен притвор за двајца од тројцата приведени за случајот со сплавот „Фристајлер“, кој потона во реката Сава во новогодишната ноќ.

Во притвор одат директорот и менаџер В.Д. (46) и Р.М. (41), додека сопственикот на сплавот „Фристајлер“ Љ.М. (51) доби мерка „забрана за приближување, средба и комуникација со одредено лице и посета на одредени места“.

Обвинителството по распитот на осомничените предложи да се определи притвор во траење од 30 дена, а судот го прифатил тој предлог за В.Д. (46) и Р.М. (41).

На осомничениот Љ.М. одредена му е мерка „забрана за приближување, средба, комуникација со одредено лице и посета на одредени места“ од член 197 од Законот за кривичната постапка.

Извлекувањето на сплавот „Фристајлер“, кој делумно потона во реката Сава за време на новогодишната забава, е обврска на сопственикот на објектот, соопшти Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.

ВИДЕО: Хорор ноќеска во Белград, потона познат сплав, гостите панично бегаа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот