Двајца од ранетите во крвавите инциденти во Србија сѐ уште се во критична состојба

Пукање во Белград, Србија / Фото: Oliver Bunic / AFP / Profimedia

Српската министерка за здравство Даница Грујичиќ денеска изјави дека двајца од ранетите во двата големи повредените во трагедиите што се случија во Белград и во Младеновац се уште се во тешка состојба, а другите се опоравуваат, изјави денеска

„Некои се ослободени од инцидентот што се случи во околината на Младеновац и Смедерево. Едно момче е веќе пуштено од Смедерево, друго во моментот е на физикална терапија, се подготвува за отпуштање. Еден пациент веќе е пуштен во саботата, од Ургентниот центар, три момчиња се отпуштени од училиштето во кое се случи трагедијата“, изјави Грујичиќ за „Телеграф“.

Таа додаде дека момчето кое било во Клиничко-болничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ и сега е во Ургентниот центар, се уште е критично, а девојката која имала поголеми повреди денеска е подобро.

„Сите покажуваат знаци на закрепнување, освен девојката која е во клиниката во „Тиршова“ и момчето кое има оштетувања на бубрезите и кое од „Драгиша Мишовиќ“ се пресели во Ургентниот центар“, рече Грујиќиќ.

Единаесет од нив сѐ уште се на болничко лекување.

Министерката посочи дека сега не може да се тврди дали момчето со повреда на цервикалниот ‘рбет и постариот пациент со повреда на лумбалниот пршлен, кој беше застрелан во масакрот кај Младеновац, повторно ќе можат да одат.

„Тие се згрижени. Постариот пациент е опериран и значително е подобар. Ги нема болките што ги имаше пред операцијата. А момчето на кое му е оштетена вратната кичма покажува добри движења во левата рака, што дава надеж дека ќе закрепне со упорен физички третман. Дали ќе можат да одат, во овој момент никој не може да каже. Претстои напорна работа за моите колеги на интензивна терапија, кои веројатно ќе се занимаваат со нив со месеци“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот