Двајца кавадарчани украле паричник со пари, полицијата ги приведе

Полиција / Фото: МИА

Полицијата вчера привела двајца кавадарчани кои извршиле кражба во семејна куќа и одзеле паричник со пари.

„На 31.10.2023 во 16.15 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци Кавадарци ги лишиле од слобода Т.К.(38) и Р.А.(26), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тие вчера околу 15.20 часот од куќа на Т.А. од Кавадарци одзеле паричник во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот“, информираат од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот