Двајца Албанци избодеа две лица во Грција, 17-годишникот и неговиот татко се уапсени

Фото: МИА

Тинејџер Албанец е уапсен од грчката полиција, бидејќи се сомнева дека по тепачка избодел две лица на возраст од 39 и 26 години, објавија албанските медиуми.

Се дознава дека покрај 17-годишникот, во тепачката учествувал и уште еден Албанец, по кој се трага.

Според грчките медиуми, двајцата Албанци ги избоделе грчките државјани, кои биле пренесени во болницата на Родос и по укажаната лекарска помош си заминале.

Во меѓувреме, таткото на 17-годишникот исто така е уапсен поради невнимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот