ДУИ предлага и онлајн одржување на собраниските седници

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Демократската унија за интеграција предлага седниците на Собранието да се одржуваат и онлајн.

Оттаму сметаат дека Собранието треба да ја разгледува можноста за изменување и дополнување на Деловникот во смисла на специфицирање, што всушност се подразбира со зборот присуство на пратеници, без разлика дали е тоа физичко присуство или онлајн.

ДУИ, се наведува во партиското соопштение, бара солидни причини од опозициските партии да го разгледуваат овој предлог со цел, како што велат, да се избегне можноста да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата а исто времено да не се блокираат важните процеси за Република Северна Македонија.

– Во сегашната регулатива на Собранието стои реченицата „присуство”. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање на пратеници кои моментално се погодени од КОВИД-19, да не ги натераме да преку посебен третман доаѓаат во седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси, се посочуа во партиското соопштение.

Од Демократската унија за интеграција бараат опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација со КОВИД-19, потсетувајќи дека Владата веќе започна да ги одржува своите седници преку Интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот