Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз
Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз / Утрински брифинг

ДС: Да се преговара дали Охридската архепископија е македонска или бугарска е рамно на велепредавство

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, не е надлежна  да разговара и преговара  за историските аспекти на Охридската Архепископија, по што треба усогласен текст да се вгради во учебниците за основно образование, смета Демократски сојуз.

-Охридската Архепископија е поврзана со вековното опстојување и посебноста на Македонскиот народ, поради што да се преговара за тоа дали оваа Архепископија е Македонска или Бугарска е рамно на велепредавство – велат од ДС.

Според партијата, евентуалниот договор ќе биде дел од Протоколот,  тоа значи и дел од Преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори со ЕУ.

-ДС бара записникот од преговорите јавно да се објави и доколку за ова прашање е разговарано, Комисија (од македонскиот дел), да биде разрешена и во комисијата да се изберат истата историчари резистентни на политичко влијание – велат од ДС.

Реакција од македонскиот тим во мешовитата историска комисија: Не работиме на утврдување на статусот на МПЦ-ОА туку на претставување на ОА во учебниците по историја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот