Државата да склучи слободна трговија и со државите од Северна Африка и бившиот СССР

Бранко Азески / Фото: МИА

Можностите за извоз се исцрпени и мора да се бараат нови земји каде би ги пласирале нашите производи според квалитетот и цената, рече Бранко Азески, претседател на СКСМ на седницата на Националниот совет за извоз

Државите од Северна Африка и од поранешната СССР, ги таргетирала Стопанската комора на Македонија, како приритетни и со кои државата би требало да се насочи за да склучи Договори за слободна трговија, за да се диверзифицира и зголеми извозот. Причината е проста, вели Бранко Азески, претседател на СКСМ – во моментот 70 до 80 отсто од македонскиот извоз оди кон ЕУ, а 70 до 70 отсто од него е насочен кон само една земја – Германија.

-Можностите за извоз се исцрпени и мора да се бараат нови земји каде би ги пласирале нашите производи според квалитетот и цената – рече Азески на седницата на Националниот совет за извоз. Во рамките на проектот со УСАИД ќе се формира и Институт за извоз, кој ќе помогне во натамошното образование на специјализирани кадри и менаџери, кои му се преку потребни на домашното стопанство.

Азески смета дека на сите партии кои ќе учествуваат на претстојните избори, економијата и интензивирањето на извозот, треба да им бидат приоритет. Тој повтори дека на бизнисот му треба владеење на прфавото, намалување на корупцијата и по којзнае кој пат побара да се дефинираат трошоците за извозните компании преку елиминирање на парафискалните давачки.

-За ова дискутираме со децении и нема никакво подобрување иако пред секои избори се ветува дека ќе се реши овој проблем со непотребните и двојните трошоци кои ги плаќаат компаниите. Ќе бараме и директна поддршка на извозниците и контрола на субвенциите, како и поголемо внимание за земјоделството и туризмот“, рече Азески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот