фото: принтскрин/Фексбук Албин Курти

Дроновите од Турција се идеални за итни мисии, можат да носат пет килограми експлозив

„Skydagger 15“ кои денеска пристигнаа во Приштина се издвојуваат како високоперформансни уреди, дизајнирани да ги задоволи потребите на професионалните мисии.

Косовските безбедносни сили денеска ја примија новата серија тактичка опрема, вклучувајќи го и „Skydagger 15“.  Овој модел на беспилотно летало е еден од понапредните тактички дронови достапни на регионалниот пазар, со време на лет од околу 90 минути, оперативен дострел од над 25 километри и со систем за термичко снимање во траење од осум дена, објави Блиц.рс.

Камикази верзиите од оваа серија се дизајнирани за прецизни мисии и, според изворите, можат да носат повеќе од пет килограми експлозив, што ги прави способни да неутрализираат копнени цели без да е потребно директно присуство на персонал во зоната на дејство.

„Skydagger 15“ се издвојува како високоперформансен уред, дизајниран да ги задоволи потребите на професионалните мисии, без разлика дали станува збор за следење, дистрибуција или за специјализирана употреба.

Овој дрон комбинира брзина, стабилност и носивост, обезбедувајќи сигурно решение за разни воздушни операции. „Skydagger 15“ нуди максимално време на лет од 36 минути, што го прави погоден за продолжени непрекинати операции, објави Телеграф, додавајќи дека е идеален за итни мисии, каде што времето е критичен фактор.

Со максимална брзина од 130 км/ч, „Skydagger 15“ гарантира брза мобилност и моментален одговор на разни оперативни ситуации. Ова го прави идеален за итни мисии, каде што времето е критичен фактор.

Една од главните предности на овој дрон е неговиот капацитет на товар, кој достигнува до 5 килограми. Ова овозможува транспорт на разновидна опрема, материјали или сензори, претворајќи го „Skydagger 15“ во разновидно решение за повеќе оперативни потреби.

Премиерот на Косово, Албин Курти, објави дека овие самоубиствени дронови, познати и како RTF (Ready to Fly) FpV, се борбени дронови опремени со експлозивни направи со цел да погодат подвижни и статични непријателски цели, пишува српски „Блиц“.

 

ФОТО | Турски дронови пристигнаа во Приштина, Курти се пофали дека дошле три месеци порано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот