Драматичен скок: Уште 245 новозаболени во Србија, Кон: 15-20 отсто веќе се имуни на ковид-19

Фото: МИА

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 6.428 лица, од кои 245 биле позитивни, а едно лице починало.

Според последните податоци од српското Министерство за здравство на респиратори во болниците ширум земјата се 22 пациенти.

Денешниот пораст се смета за драматичен со оглед на тоа што вчера се регистрани 152 новозаразени.

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека дела од граѓаните веќе го прележале коронавирусот така што „одреден имунитет веќе постои“ и според проценките на Кризниот штаб со кој раководи, тоа е „меѓу 15 и 20 отсто“, но би требало да се измери.

Кон рече дека порастот на бројот на новозаболени во Белград ќе се види во текот на оваа недела и дека смета дека вкупниот број на новозаразени во цела Србија ќе биде околу 200 инфицирани дневно, а „можеби во некои денови и ќе се помине тој број“.

Министерот за образование Младен Шарчевиќ изјави денеска дека од 1. октомври во училиштата во Србија од коронавирус се заболени 51 ученик, 30 во основните училишта и 21 во средните училишта, додека од вработените седуммина се позитивни на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот