
Драма во Струга: Двајца мажи претепале 52-годишник и тинејџер од Дебарско, по што еден од напаѓачите извадил пиштол и пукал
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се уапсени двајца мажи од Струшко, осомничени дека физички нападнале две лица од Дебар, од кои едното било малолетно, а потоа и кон нив пукале со огнено оружје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Вчера (16.09.2025) во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.К.(29) од Струга и денеска (17.09.2025) околу 11:00 часот го лишиле од слобода Л.К.(34) од струшкото село Велешта во врска со кривично дело „убиство во обид“, се вели во полициското соопштение.
Уапсените претходно на улица „ЈНА“ во Струга, со метални предмети ги нападнале Б.А.(52) и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште, по што 34-годишниот Л.К. со пиштол испукал неколку куршуми кон Б.А. и избегал.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди, а по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
15мин
-
16мин
-
25мин
-
26мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5