ДРАМА на лет на шпанска авиокомпанија – Патниците ПОЛЕТАЛЕ кон плафонот, сите мислеле дека ќе УМРАТ

Фото:Профимедиа

Откако на летот на шпанската чартер авиокомпанија Евелоп дошло до силни турбуленции на патот за Маурициус, 14 лица добиле медицинска помош во Мадрид, соопштено е денес од таа компанија.

Авионот А330-343 Ербус безбедно слетал на планираната писта на мадридскиот аеродром Барахас во вторник вечерта, после турбуленциите во воздухот кои траеле 15 секунди, после што авионот „пропаднал“ неколку стотина метри над Етиопија, пренесува Ројтерс.

Три членови на екипажот биле меѓу повредените и сите се здобиле со лесни повреди. Извор од компанијата рекол дека 11-те повредени патници ги игнорирале предупредувањето да се врзат со сигурносен појас активирано пред авионот да влета во зоната со турбуленција.

Еден од патниците за весникот Ел Мундо изјавил дека од силата на турбуленцијата некои од патниците „полетале кон плафонот и лебделе во воздухот, како што би виделе во филмовите“, додавајќи дека сите „мислеле дека ќе умрат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот