Драган Стојковиќ потпиша нов договор и ќе биде селектор на Србија до 2026 година

Драган Стојковиќ, селекторот на српската фудбалска репрезентација/фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Драган Стојковиќ – Пикси ја продолжи соработката и ќе остане селектор на најдобрата српска фудбалска репрезентација до 2026 година, објави тамошната федерација.

Србија со Стојковиќ Стојковиќ за прв пат поврза учество на две големи натпреварувања (СП во Катар и ЕП во Германија), а покрај тоа постигна и успех во Лигата на нации, односно се пласираше во елитниот ранг, и ја доби довербата од раководството на федерацијата да продолжи со својата работа и по Европското првенство во Германија.

Одржувањето на континуитетот во водењето на репрезентацијата е еден од клучните фактори за постигнување на посакуваниот резултат.

Продолжувањето на соработката со Стојковиќ е во согласност со желбите и амбициите на Фудбалската федерација на Србија, репрезентацијата да продолжи со успеси и во наредниот период, што се однесува и на Европското првенство во Германија.

Одлуката официјално ќе биде усвоена на седницата на Извршниот одбор во понеделник, 27 мај, веднаш по седницата на Собранието на ФСС во Стара Пазова.

Потсетување дека на ЕП кое ќе се организира од 14 јуни до 14 јули 2024 година во Германија, најдобрите српски фудбалери се во групата „Ц“ заедно со Словенија, Англија и Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот