Драч станува пристаниште на луксузни јахти

илустрација

Покрај големиот број туристи во Албанија, летово Драч беше преплавен и со многу луксузни јахти. Закотвувањето јахти во ова пристаниште носи дополнителен приход за туризмот.

„До 20 август, повеќе од 40 мега јахти го посетија пристаништето во Драч. Сезоната во која се движат јахтите започнува во април и продолжува до крајот на октомври, но во зависност од временските услови може да продолжи и во првите денови на ноември“, изјави Таулант Алка, капетан на пристаништето во Драч.

Годинава во Драч можеа да се видат луксузната јахти на заменик претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мансур, јахтата на олигархот Патох Чодиев и многу други. Некои од нив по којзнае кој пат се враќаат во Албанија, а некои првпат ја посетуваат… Дел од сопствениците на јахтите доаѓаат само за да набават гориво, а нивните сметки се над илјадници евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот