Дора Бакојани за „Слободен печат“: ЕУ го нема луксузот да го остави на чекање Западен Балкан

Дора Бакојани/ no, Credit line: Pacific Press / ddp USA / Profimedia

Прашањето и вниманието мора да се фокусираат на тоа што научивме од овие неуспешни процеси и што можеме да подобриме за да го постигнеме посакуваниот исход, што не е ништо друго туку Западен Балкан во ЕУ.

Ова е дел од одговорот на поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, сега пратеничка во грчкиот парламент и шефица на грчката делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур на прашањето дали на ЕУ ѝ требаат промени во однос на проширувањето со оглед дека последниот случај со Бугарија и Северна Македонија и злоупотребата на членството во ЕУ од страна на Софија.

– Имаше жива дебата за процесот на проширување во изминатите две години и во Европската комисија и на ниво на ЕУ. Во случаите на Северна Македонија и на Албанија имаше празнини и прашања кои се покажаа како контрапродуктивни за проценката и процесот на проширување. Нема да навлегувам во специфични прашања со Бугарија или со други земји од ЕУ кои во одредени моменти се противеа на проширувањето. Како што реков, ЕУ е унија на земји членки со специфичен сет на стандарди и вредности на кои им е дозволено и имаат право да изразуваат загриженост за време на таков процес. Прашањето и вниманието мора да се фокусираат на тоа што научивме од овие неуспешни процеси и што можеме да подобриме за да го постигнеме посакуваниот исход, што не е ништо друго туку Западен Балкан во ЕУ, рече Бакојани.

Таа додава дека во изминатите две години се работело на подобрување на методологијата на проширување за да биде подинамичен, кредибилен и посилен политички процес.

-Предлогот е веќе усвоен и имплементиран, имаме групирање на пристапни поглавја, повеќе политички дијалог со регионот и пристап врз база на заслуги. Верувам дека ЕУ учеше од изминатите 10 години и ќе може да испорача покредибилен процес на проширување – вели Бакојани.

Целото интервју со Бакојани ќе можете да го прочитате во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот