Донатела Версаче: Се откажав од дрогата, но потоа станав зависна од друго!

Profimedia

Призна дека со силна волја успеала да се отргне од дрогата, но ја заменила со зависноста од пластични операции.

Прочуената Донатела Версаче ја отвори душата за пеколот кој го доживеала поради користењето на нелегални супстанци, во кој се нашла после убиството на Џани Версаче.

Profimedia

„Започнав со кокаинот во 33 година, прв пат не чувствував ништо, само не ми се спиеше. Продолжив, но само на забавите во Њујорк и Лос Анџелес, кога браќата не ме гледаа. Никогаш во животот не сум си поминувала толку лудо. Не ми паѓаше на памет дека станував зависна. Мислев дека можам да се контролирам, но кокаинот ме контролираше мене“, ја започнала приказната Донатела.

Profimedia

„Џани беше убиен и наеднаш станав новото заштитно лице на брендот. Никој не би сакал да купи и облече облека која ја потпишува нестабилен и слаб креатор, кој ја губи главата поради дрога и е склон кон самосожалување“, признава.

Донатела Версаче призна дека со силна волја успеала да се отргне од дрогата, но ја заменила со зависноста од пластични операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот