Доктор Харис Бабачиќ: Неетички е јавно да се жигосуваат позитивните на ковид-19

Доктор Харис Бабачиќ/ Фото: Архива на Слободен печат

Доктор Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторант на медицинскиот универзитет Каролинска во Стокхолм, Шведска, смета дека објавувањето на резултатите од ПЦР тестовите на веб страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и во службен весник, нема да направи никакво добро и дека претставува штетна пракса која е неетичка.

-Таман мислев дека владата ја напуштила оваа некорисна идеја, кога, оп, еве нова влада со истата идеја. Објавување на резултати од испитувања на граѓани и пациенти јавно на веб сајт, уште па со адреса на живеење, е неприфатливо за било која област па и за оваа. Неетички е и нема да има корист од тоа. Исходот од оваа одлука ќе биде јавно жигосување, огромна стигма и дополнително одвраќање на граѓаните да се тестираат. Доколку Државниот здравствен и санитарен инспекторат имал проблем со доставување на решенијата за изолација во печатена форма, тоа можеле многу лесно да го решат со софтверско решение каде корисникот на безбеден сајт ќе се логира со корисничко име и лозинка за да го добие резултатот и решението автоматски а приватноста притоа да му е заштитена. Се надевам дека оваа влада ќе се вразуми и ќе ја повлече одлуката, вели доктор Бабачиќ.

Со одлука на владата, името презимето и адресата на која ќе се спроведува изолацијата за сите граѓани кои ќе добијат позитивен резултат на ПЦР тестот во која било овластена лабораторија во државата, од денеска ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Новиот начин на доставување на решенијата за изолација минатата вечер помина и на владина седница. Освен тоа, еднаш неделно групно ќе бидат објавувани во Службен весник и името презимето и адресите на позитивните на ковид 19 од таа недела, со што ќе се смета дека решението за изолација им е доставено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот