„Дојче банк“ со предлог: Да се воведе нов данок од пет проценти за работа од дома

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA
„Дојче банк“ предлага воведување на нов данок од пет проценти на платите на работниците кои ќе изберат да работат од дома. Според предлогот, даноците ќе ги плаќаат работодавачите, а остварениот приход ќе се исплаќа на луѓето кои не можат да работат од своите домови, јави „Би-Би-Си“
Банката ја образложи мерката како фер, затоа што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што го напуштаат домот за да одат на работа.
Дојче банк“ смета дека преку данокот во Велика Британија ќе се соберат 6,9 милијарди фунти годишно со кои може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок.
-Со години ни требаше данок за работа на далечина. Ковид-19 очигледно го направи тоа, рече стратегот на „Дојче банк“, Лук Темплмен.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, голем број работници се пренасочени да работат од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот