Додик: Американските авиони немаат дозвола да летаат над БиХ на 8 јануари

Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека не е официјално информиран оти американските борбени авиони Ф-16 ќе летаат над Босна и Херцеговина на 8 јануари. Нагласува дека официјално бил запознат дека за тоа немаат согласност од Претседателството на БиХ, пренесе Бета.

-Кога веќе се тука, веруваме дека со своето присуство ќе го поддржат одбележувањето на Денот на Република Српска“, напиша Додик.

Три американски авиони, од кои два ловци Ф-16, на 8 јануари ќе ја надлетаат територијата на Босна и Херцеговина, објави сараевскиот портал Кликс.

Засега јавноста не ги знае причините за тие летови или рутата на движење, но се претпоставува дека прелетите ќе бидат извршени во знак на партнерството меѓу Босна и Херцеговина и Соединетите Американски Држави, се наведува во текстот. .

Сараевскиот портал наведува дека летовите на три американски авиони над Босна и Херцеговина ќе бидат извршени ден пред Денот на Република Српска, 9 јануари, што Уставниот суд на Босна и Херцеговина го оцени за неуставен.

Свечената академија по повод Денот на РС е најавена на 8 јануари во спортската сала „Борик“ во Бања Лука, по што е предвиден и свечен прием во Административниот центар на Владата на РС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот