Додека трае молкот за претседателските ќе тече кампањата за парламентарните избори

Избори Македонија
Избори во Македонија / Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната кампања за претседателските избори. Ова, како што појаснија минатата недела во ДИК, е уникатна и единствена ваква ситуација досега

Додека трае молкот за претседателски избори продолжува кампањата за парламентарните избори, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

– Со оглед дека се поклопуваат кампањите за претседателски и за парламентарни избори, законот е јасен дека има предизборен молк за претседателски избори на 22 април и трае до 24 април. Нема да се поклопи со молкот за парламентарни избори.  Сметам дека ова е доволно објаснување затоа што претходно не кажав датуми за ништо и тоа би било нешто што е предвидено и во законот и во роковникот, рече на денешната седница на ДИК Даштевски.

За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната кампања за претседателските избори. Ова, како што појаснија минатата недела во ДИК, е уникатна и единствена ваква ситуација досега.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април, кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот