Доцнат платите на просветните работници од Тетово, општината тврди дека се работи за техничка грешка

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Како изминативе неколку месеци така и овој доцни исплатата на платите во основните училишта кои се под надлежноста на Општина Тетово. Според синдикатот на вработените во образовните установи, со доцнење на платите наставниот кадар и другите вработени се соочуваат само во Општина Тетово, додека училиштата во останатите општини во регионот веќе ги зеле личните доходи.

„Петти ден како наставниците и вработените во основните и училиштата на подрачјето на Општина Тетово ја очекуваат платата за ноември. Наставниците од основните и средните училишта во рамки на Општина Тетово редовно се соочуваат со доцнење на платите, односно не ги добиваат платите до 15 во месецот. Сега веќе се пет дена, најмногу досега, а знаеме дека во другите рурални општини и средни училишта дека добиле плати“, информира Зоран Грковски, од Синдикатот за образование и наука во Тетово.

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово велат дека проблемот наскоро ќе биде решен.

„Има некоја техничка грешка направена во некои од училиштата и поради тоа нема исплата. Сега се консултираме како да го средиме проблемот и да добијат плата наставниците и вработените. Мислам дека ќе се реши во текот на оваа недела“, изјави Назми Даути, раководител на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Во рамки на Општина Тетово има 12 основни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот