До средна променливо облачно и топло време

Сончево време/ Фото: МИА

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Како што соопшти УХМР, до среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот