Диневски: Јас сум осуден во „Шпион“, битката ја водам со вонредни правни лекови во Врховниот суд

Погледнете који сè луѓе се најдоа на удар на тој груевизам. таа најава беше со отвореното писмо во 2009 каде што стои дека „на страна што ги победивме на изборите тие треба да исчезнат, бидејќи сè уште постојат.

Александар Диневски, поранешен разузнувач, познат по случајот „Шпион“, во кој што настрадаа дузина луѓе беше гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТБ“ каде говореше за бруталната репресија на „груевизмот“ и аферата Шпион, и судството како продолжена рака на тогашната Влада.

-Аферата Шпион ја потресе македонската јавност. Со спектакуларни апсења, акции, со специјалци, хермелини… Беа апсени луѓе од разни структури, разни економски и политички провиненции и тоа дел од таа стратегија, која што јас ја нарекувам „Македонска катинска шума“ во која беше ликвидирано сè што имаше некакво значење за Македонија. Имено така ја нареков, затоа што, ако се сеќавате Сталин во одреден момент уништи сè што претставуваше цвет на полска интелигенција. Беа ликвидирани професори, верски работници, офицери, разузнавачи- вели Диневски.

Груба е споредбата, вели Диневски, но во целиот процес го гледате во целина, па и процесот на лустрација погледнете који сè луѓе се најдоа на удар на тој груевизам. Таа најава беше со отвореното писмо во 2009 каде што стои дека „на страна што ги победивме на изборите тие треба да исчезнат, бидејќи сè уште постојат.

-Во Шпион јас сум осуден, битката ја водам со вонредни правни лекови во Врховниот суд. Очекувам да се произнесе, посебно по оставката на Јово Вангеловски и по информациите кои протекоа дека во неговата фиока се наоѓале околу 30 такви предмети, меѓу кои, претпоставувам дека е и мојот предмет- вели Диневски.

ПОЕНТАТА НА ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ ПРЕСУДИ

-Првата е донесена за петмина обвинети за други кривични дела, не за шпионажа и оддавање на државна тајна, туку за уцени закани и сл. Судот одлучуваше откако Апелација ги укина пресудите и ги врати на разгледување и одлучување. Втората пресуда е многу побитна каде што Зоран Божиновски е ослободен за сите точки од обвинението, каде дел е и шпионажа и оддавање државна тајна. Значењето на самата пресуда е двојно и тоа ќе има значење и за другите обвинети. Но најважната порака е што Судскиот совет се одважи и ја оствари својата уставна и законска обврска тој да биде dominus litis, господар на судската постапка, а не обвинителската- вели Диневски.

Ова е прекин на таа вонзаконска судска пракса, вели Диневски, каде доминантен фактор беше обвинителството кое што беше продолжена рака на извршната и политичката власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот