Димитров: Континуираната поддршка од австриските пријатели беше и останува од големо значење за нашите ЕУ аспирации

Како што соопшти МНР, во текот на разговорот Димитров потенцираше дека принципиелната и континуирана поддршка од австриските пријатели беше и останува од големо значење за нашите ЕУ аспирации.

Европските интеграции на Северна Македонија и очекувањата од претстојниот Совет на ЕУ беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со претседателот на Националниот Совет на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка,  кој престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти МНР, во текот на разговорот Димитров потенцираше дека принципиелната и континуирана поддршка од австриските пријатели беше и останува од големо значење за нашите ЕУ аспирации.

-Министерот Димитров информираше за позначајните постигнувања и резултати во клучните реформски области, нагласувајќи дека посетата на австрискиот прв парламентарец доаѓа во контекст на позитивни моменти – новата методологија за пристапниот процес и позитивниот Извештај на Европската Комисија кој ја потврди препораката за отворање на преговорите со Северна Македонија, што се надеваме овој пат ќе доведат заеднички успех, се наведува во соопштението.

Од страна на гостинот, пак, беше поздравена силната посветеност на Владата за спроведување на реформската агенда, неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата. Соботка, како што се посочува, го реафирмираше ставот дека Австрија останува силен поддржувач за донесување одлука за отпочнување на преговорите со нашата земја во најскоро време.

Двајцата соговорници констатираа дека Северна Македонија и Австрија оддржуваат блиски и мошне интензивни билатерални односи на повеќе нивоа, како од политички аспект, така и економски, пресликано преку фактот што Австрија е странски инвеститор број еден во нашата земја и спаѓа меѓу оние држави со кои имаме најбогата соработка во различни области од заемен интерес. Воедно, соговорниците разменија мислења и околу актуелните случувања на границите на ЕУ, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот