Димитров ѝ се заблагодари на норвешката колешка за помошта во борбата со ковид-19

Шефовите на дипломатиите изразиле задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, а се осврнале и на блиската соработка во мултилатералата. 

На барање на норвешката страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговарал со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.

Како што денеска соопштија од МНР, Димитров и се заблагодарил на норвешката влада, која одобри помош во вредност од 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата на УНОПС за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, за медицински материјали и препарати за справување со пандемијата. Од тие средства беа набавени респиратори со што беше зајакнат капацитетот на здравствениот систем во справувањето со Ковид-19.

Тој исто така упатил благодарност и за Проектот наменет за  изработка на систем за процесирање на класифицирани информации во Министерството за надворешни работи, што исто така е финансиран од Кралството Норвешка.

– Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби поврзани со здравствената криза, предизвиците и можностите за поддршка, ги споделија искуствата и праксите при справувањето со неа и уште еднаш беше истакната потребата од солидарност и соработка, стои во соопштението од МНР.

Шефовите на дипломатиите изразиле задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, а се осврнале и на блиската соработка во мултилатералата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот