
Димитријевиќ одличен против Дубаи, ќе игра во финалето против ЦСКА Москва во ВТБ Суперкупот
Како што беше најавено, кошаркарскиот ВТБ Суперкуп се организира во Белград, Србија, а во средата беа одиграни полуфиналните натпревари.
Препорачано
Рускиот Зенит на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ триумфираше против Дубаи од Обединетите Арапски Емирати со резултат 107:103.
Нашиот плејмејкер беше втор стрелец во победата со 23 поени, четири скока и осум асистенции за 24:38 минути на паркетот.
Поефикасен од Димитријевиќ беше само Алекс Појтрес со 25 поени (шест скока), а на спротивната страна истиот учинок го имаше Џанан Муса.
Во вториот полуфинален меч, кошаркарите на ЦСКА Москва триумфираа над Црвена звезда со 89:67.
Денеска од 20.00 часот во Белградската арена е финалниот меч за трофејот помеѓу Зенит и ЦСКА Москва, а претходно од 16.00 часот за третото место ќе играат Дубаи и Црвена звезда.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
2час
-
2час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5