ДИК ќе формира центар за обуки за избори

Државна изборна комисија / Фото: МИА

Државната изборна комисија (ДИК) работи на формирање на центар за обуки за избори, што треба да почне да функционира до пролетта 2024 година, изјави во интервју за МИА портпаролката на Комисијата Љупка Гугучевска.

– Во текот на изминатата година имавме многу активости кои се однесуваат на исполнување на стратешките цели и визијата на ДИК за она како треба да изгледа еден професионален изборен орган во иднина. Една од главните активности со кои се занимаваме беа подготвителните активности за формирање центар за обуки за избори. Ова е активност што ја спроведуваме со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС со проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во текот на минатата година беше спроведена студија за изводливост за формирање таков центар за обуки – вели Гугучевска.

Во интервјуто, таа потенцира дека ДИК исто така работи и на зајакнување на ИТ-системот, како и на други стратешки цели како што е родовото сензитивизирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот