Ди Марија го потврди своето заминување од Јувентус

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Анхел Ди Марија (35) преку социјалните мрежи ја информираше јавноста потврди дека повеќе нема да го носи дресот на Јувентус.

Аргентинскиот фудбалер стана слободен играч по истекот на договорот со гигантот од Торино, во кој минатата година пристигна од ПСЖ.

Со Јуве не успеа да освои ни еден трофеј, сезонава во Серија А запиша 26 настапи и четири голови.

– Дојдов до крајот на еден тежок и комплициран период. Заминувам со горчлив вкус што не успеав, но со радост што стекнав многу пријатели во оваа прекрасна соблекувална во која бев дел. Благодарност до сите мои соиграчи за наклонетоста што ми ја покажаа од првиот ден, секогаш се чувствував како дома. Го поздравувам целиот Јувентус и им благодарам за секојдневната наклонетост – вели Ди Марија.

Во декември минатата година со репрезентацијата на Аргентина ја освои светската титула. Се шпекулира дека има понуди за продолжување на кариерата од својата земја, Саудиска Арабија и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот