профимедиа

Џорџ и Амал Клуни повторно чекаат близнаци?

По гласините за проблемите во бракот на Џорџ и Амал Клуни, во јавноста пристигна многу убава вест – според пишувањето на странските медиуми, парот повторно очекува близнаци!

Неодамна извор за магазинот „Latin Times“ раскажа дека за време на престојот на нивниот италијански имот на езерото Комо, Амал имала труднички стомак, а наводно ја „фатил“ и еден фотограф.

Како што се наведува, таткото Џорџ во исто време бил силно возбуден и многу загрижен поради вестите дека ќе добие повторно близнаци. Имено, тој е загрижен како покрај двегодишните Ела и Александер ќе одгледаат уште две мали деца.

Новата бременост наводно ги зближила Амал и Џорџ повеќе од било кога.

„Џорџ поретко патува во Лос Анџелес па така тој и Амал започнаа со брачно советување. Повеќе не се расправаат така често“, изјавил изворот.

Сепак, Амал и Џорџ за ова се уште не се изјасниле јавно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот