Џонсон: Не знаеме колку е цврста одбраната од новиот бран

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

И покрај евидентниот успех во вакцинацијата Велика Британија сѐ уште не знае колку ќе биде силна нејзината одбрана од следните бранови на коронавирусот,  изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

– Спроведувањето на вакцинацијата беше многу импресивно благодарение на сите што имаат удел во тоа, но она што не го знаеме е колку се точни сега нашите тврдини, колку е силна нашата одбрана од вториот бран, предупреди Џонсон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.

Британскиот премиер кажа и дека се надева дека Англија нема да мора да воведе нова блокада, под услов јавноста да ги почитува правилата и вакцините против коронавирусот да продолжат да бидат ефикасни.

– Се надевам, во моментот не гледам ништо во податоците што би довело до тоа да се отстапи од акцискиот план, но мора да останеме понизни пред природата и мора да бидеме подготвени да сториме се што е потребно за да ја заштитиме британската јавност, рече Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот