Џонсон: Екстремистите ги киднапираа антирасистичките демонстрации

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека „екстремистите ги киднапираа” антирасистичките демонстрации што последните денови се одржуваат во Велика Британија.

Неговата изјава уследи по скрнавењето на споменици на одредени личности од колонијалната ера.

– За жал, јасно е дека екстремистите ги киднапираа демонстрациите, напиша Џонсон на Твитер.

Тој ги осуди нападите врз полицијата, што ги оцени како „неподносливи и одвратни”.

– Единствен одговорен став е да се остане настрана од демонстрациите, посочи Џонсон.

Поради стравување од нови насилни демонстрации за претстојниот викенд, споменикот на поранешниот британски премиер Винстон Черчил, што се наоѓа во близина на  Парламентот во Лондон, заштитен е со шперплоча, а заштитени се и други споменици. На споменикот на Черчил пред неколку дена беше напишано „Беше расист”.

– Апсурдно е и срамно е што националниот споменик денес е под ризик од напад од национални демонстранти. Черчил понекогаш изразуваше мислења што беа и останаа неприфатливи за нас денес, но тој беше херој, кој заслужува свој споменик, наведе Џонсон.

Тој додаде дека Велика Британија не може повторно да испише историја или да го цензурира своето минато.

– Не можеме да се правиме дека имаме поинаква историја, истакна Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот